Кога времето е топло, кога доминира елементот на Пита /елементот на оган/ ,водата со вкус на овошје е најдоброто освежување што се користи во секое време. Запомнете, кога чувствувате жед, тоа значи дека веќе сте дехидрирани, а редовното внесување вода е многу важно.
Состојки:
– 2 чаши боровинки
– 2 парчиња излупена лубеница
– 1 парче диња и ѓумбир
– 1 лимон излупен и исечен на парчиња
– 1 голема краставица исечена на прстени
– пар лисја од босилек, нане, маточини, лаванда или сезонски други зачински билки
– 3 литри вода
Ставете ги сите состојки во голем бокал или стаклен сад и наполнете го со вода. Можете сами да направите комбинација од овошје, на пример, ако немате боровинки, ставете цреши, наместо портокали можете да ставите јаболка итн., но тоа што би ви го препорачале е да користите локални овоштија. Оставете во фрижидер најмалку два часа и потоа уживајте во освежителениот пијалок. Се разбира, можете да го изедете и овошјето, а можете да го засладите пијалокот со мед ако сакате. За да вкусот, аромата и делотворноста биде помоќна канете некоја капка етерично масло од портокал, лимон, лаванда.




0 Comments