Иако „високиот крвен притисок“ е многу поопасен од нискиот крвен притисок, „хипотензијата“ не треба да се игнорира бидејќи може да предизвика и сериозни нарушувања на здравјето. Најефективните природни лекови за регулирање на крвниот притисок се: сувото грозје кое успешно го регулира крвниот притисок
Суво грозје
Дневното конзумирање на само една лажица суво грозје, кое е накиснато во вода преку ноќ, последователно во период од еден месец, успешно го регулира крвниот притисок и исто така ја подобрува работата на надбубрежните жлезди.
Ленено семе
Недостаток на естроген може да биде причина за низок крвен притисок, особено кај жени кои влегле во менопауза. Тогаш се препорачува да се вклучи ленено семе во исхраната – природен извор на фитоестроген кој делува слично на естрогенот. Потопете лажица семе од лен во чаша топла вода и оставете да отстои преку ноќ, а потоа пијте наутро. По 3-4 дена, направете пауза неколку дена, а потоа повторете ја терапијата.
Морска или хималјаска сол
Познато е дека солта го зголемува крвниот притисок, а Ајурведата препорачуваат да се користи нерафинирана морска сол наместо обична кујнска сол, која со право се нарекува „бела смрт“. Секако, не треба да претерувате со количината на овој зачин.
Банани
Калиумот е од особено значење за нормалниот крвен притисок, а најмногу го има во бананите. Јадете една банана на ден, наутро, на празен стомак.
При поголеми варијации во притисокот се препорачува Арџуна и Брахми.




0 Comments