Дали ја знаете вистинската хранлива вредност на чија семките. Иако од неодамна се појави кај нас, таа е една од најстарите билки на Планетава и е многу позната во Ајурведата.
Ако некоја храна го оправдува епитетот „супер храна“, тогаш е тоа чиа семето. Нека не ве лаже нивниот минијатурен изглед бидејќи ќе ви приредат моќна нутритивна бомба.
Станува збор за целосно природен производ полн со антиоксиданси, витамини и минерали.
Постојат многу начини на кои можете да ги консумирате, но пудингот е нешто наједноставно што можете со нив да направите.
Совршен е за појадок, без многу работа околу подготвувањето. Се прави вечер претходно, а најубаво е да се јаде со свежо сезонско овошје и со јаткасто овошје.
Започнете го денот со оваа супер веган и глутен фри-бомба!
Состојки:
250 мл бадемово млеко (можете да користите и млеко од соја, од ориз или обично кравјо млеко)
4 лажици чиа семки
1 лажица мед или јаворов сируп по ваш вкус
1 портокал
Ф‘стаци, бадеми, лешници или ореви /од вечер потопени во вода/
1/2 лажичка кардамом
Приготвување:
Во стаклена чинија или тегла ставете ги семките и млекото. Поклопете и оставете да стои преку ноќ. Чиа семето би требало да ја впијат сета течност и да набабрат.
Пред да послужите, додадете портокал или друго сезонско овошје исечено на парчиња и сечкани ф’стаци или др. Додадете органски мед, кардамом и сѐ добро измешајте.
Пријатен појадок




0 Comments