fbpx
Ајурведски здрав пијалок за здравје и среќа
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Ајурведски здрав пијалок за здравје и среќа

Ајурведски здрав пијалок за здравје и среќа

by | Авг 18, 2021 | 0 comments

 

Дали знаете дека редовното консумирање какао пред спиење може да влијае
на подобрување на меморијата, особено кај постарите лица. Дали знаеме дека какаото е лек за
многу посериозни болести?
Овој дар од природата, содржи високо ниво на флавоноли, кои се содржат во чај, грозје и јаболка.
Тоа е подмножество на добро познати флавоноиди, кои имаат исклучително силни
антиоксидантни својства и ги штитат мозочните клетки од оштетување.
Истражувањата покажаа дека луѓето кои пијат чаша какао или топло чоколадо секој ден имаат
подобра „работна меморија“ и постигнуваат подобри резултати во работата и во работните
задачи.
Какаото го стимулира производството на ендорфин, хормонот на среќата.
Ендорфинот помага во одржување здрави артерии, ја зголемуваат еластичноста на крвните
садови, го намалува крвниот притисок, го намалуваат ризикот од срцев удар и го намалуваат
холестеролот.
Најновите истражувања покажаа дека какаото е одлична заштита од појава канцер на дебело
црево.

Какао со кардамом

Состојки:

2  лажички какао во прав
1 чаша вода
малку млеко /може и билна замена/
1 урма,

1 лажичка јаворов сируп (по желба) или друг засладувач

1/2 лажичка кардамом

Начин на подготовка:

Во блендер се додава малку топла вода и сите состојки, се блендира се додека не се добие компактна смеса.
Сервирајте во убава шолја и наросете со кардемом или цимет.

Доколку сакате можете да додадете и една таблета Брами во утринската шолјата со какао.

За подобра меморија и свежина на умот користете Брами.

 

Органски кардамом во прав 200гр

Brahmi

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

Секој ден стапалата те носат низ животот. Кога последен пат им подари внимание? Во ајурведската традиција, марма точките се сметаат за важни места на поврзување на телото, здивот и животната енергија — прана. Нивната нега е ритуал на присутност, нежност и внимание кон...

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

Понекогаш најубавиот оброк е чинија топла, домашна чорба — полна со зеленчук, мирисни зачини и вкус што те повикува да забавиш. Во ајурведската традиција, топлата и зготвена храна има посебно место во студените денови, кога Вата се поврзува со студ, сувост и немир....

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

Оваа година, додека го украсувате домот, подарете им внимание и на своите желби за 2027. Успех во работата? Повеќе благосостојба? Љубов и блискост? Топол дом и семејна хармонија? Нови патувања и искуства? Нека секој украс биде мал потсетник на она што сакате да го...