Дали знаеме дека лененото семе е меѓу најстарите култивирани култури, одгледувано од
почетокот на цивилизацијата и дека нејзината корисна вредност е призната уште пред 5,000 години?
Лен (Linum usitatissimum) првенствено се користеше за производство на влакна за текстил на
индустрија, веќе во 3.000. години пред новата ера.
*Лененото семе е полно со витамини, хранливи материи, растителни влакна, протеини и омега-3
масни киселини наречени алфа-линоленска киселина (АЛА). Заради овој разнолик состав
лененото семе се вбројува во суперхрана.
*Лененото семе е богато со растителни влакна кои помагаат при варење не храната,
подобрување на здравјето на дигестивниот систем и здравјето на срцето.
*Лененото семе содржи омега-3 масни киселини кои влијаат на: работата на мозокот, срцето,
влијаат во намалување на крвниот притисок, воспаленија во телото, зголемување на добриот
холестерол.
*Лененто семе е одличен извор на висококвалитетни протеини од растителна основа. Една
лажичка ленено семе содржи околу два грама протеини, така што ленот е одлична опција за оние
што бараат алтернативи на протеини од животинско потекло.
*Лененто семе содржи полинезаситени масти здрави за срцето, за намалување висок крвен
притисок и нивото на триглицериди.
*Лененото семе содржи многу анти-воспалителни омега-3 масни киселини, тие исто така можат да
помогнат во борбата против воспалението на кожата. Исто така ленените влакна имаат лековито
дејство врз кожата.
Една студија покажа дека жените кои секојдневно користат масло од ленено семе, имаат
поеластична кожа дури и во старост.




0 Comments