Сатавари (лат. Asparagus racemosus) е растение кое расте високо, до два метра, расте во чакалски и карпести шумски области на поголема надморска височина. Поради своите лековити својства, се бере илјадници години низ Шри Ланка, Индија и Хималаите.
Во ајурведските текстови, ова вредно растение се препорачува за третман на стомачни, дигестивни, нервни болести, како и бројни женски болести.
На различни јазици, растението има различни имиња, но најдобро е познато како Сатавари, што на антички санскрит значи „лек за сто болести“.
Поетски се опишува како растение „кое има сто мажи“, а се однесува на подмладувачкиот ефект врз женските репродуктивни органи.
Иако е добро познато дека има корисен ефект врз сите женски болести, опфаќа широк спектар на болести. Може да биде корисен и за мажите.
Најдобра женска лековита билка, подарок од природата.
Најпознат е по своите подмладувачки својства кои имаат одличен ефект врз женските органи.
Помага при стрес и е одличен афродизијак
Се користи за лекување на болести на вагината, грлото на матката, неплодност, загрозен абортус, вагинални инфекции, губење на либидото и проблеми со менопаузата.
Одржува хормонална рамнотежа, здрава вагинална pH вредност, ги регулира менструацијата и овулацијата.
Ги елиминира симптомите на предменструален синдром (раздразливост, надуеност, грчеви), ја ублажува болката и ја контролира загубата на крв за време на менструацијата.
Одличен е за жени кои планираат бременост бидејќи ја зголемува плодноста, го стимулира производството на здрави јајца, ја храни и ја зајакнува матката и ги подготвува органите за зачнување.
Во бременоста, ја ублажува утринската мачнина, а по породувањето е ефикасна за чистење на матката. Промовира нормална лактација за време на доењето.
Исто така, им помага на жените на средна возраст – ги намалува симптомите на перименопауза (ненадејни промени во расположението, ненадејни топли бранови, сувост на вагината).
Богат е со фитоестрогени, па затоа е идеален во случаи на недостаток на природни естрогени.
Заменува хормони, на пример во менопауза или кај жени на кои хируршки им е изваден еден од репродуктивните органи.
Корисна билка е и за мажите
Машкиот репродуктивен систем ги ужива придобивките од Сатавари.
Бидејќи е афродизијак и го зајакнува либидото, помага во лекување на широк спектар на сексуална импотенција воопшто. Лекува сексуални нарушувања и воспаленија на гениталиите.
Според Ајурведата, ова растение е голема помош за функционирање на дигестивниот систем.
– Тој е ефикасен против киселини, болка во стомакот, чир на желудник, повраќање, синдром на нервозно дебело црево, дијареја и дизентерија.
- Има корисен ефект врз респираторниот систем: ја ублажува сувоста, иритацијата и другите проблеми на горниот респираторен тракт, помага при бронхитис.
- Ја храни и чисти крвта и спречува анемија. Научниците откриле и дека ги штити крвните клетки на коскената срцевина.
- Го подобрува градењето на протеини во телото што е добро за обновување на сите мускули, сила и виталност.
- Ги намалува негативните ефекти на стресот врз нервниот систем, па затоа е одличен за секој чие тело или ум е под зголемен притисок.
- Спречува стареење и оштетување на клетките, ткивата и органите. Затоа, во Ајурведата спаѓа во категоријата расајана – растенија за подмладување на телото.
Начин на употреба:
*Се консумира на неколку начини, но најчесто е достапен како исушен корен, мелен во прав, таблети. Прашокот се пие како сок, се меша со вода или со млеко, се додава мед по желба.
*Сатавари се користи за производство на масло кое се користи за масажа на телото за зајакнување на мускулите и намалување на болката во лумбаго, ишијас или воспаление на зглобовите.
*Свежи лисја се користат за подготовка на паста која се нанесува однадвор за олеснување на кожните заболувања.
Може да се меша со ги (рафиниран путер) кој орално се внесува.
Вообичаената доза, според ајурведските препораки, е од 1 до 3 лажички прав на ден.
Подготовка
Чај за балансирање на хормоналниот и гениталниот систем:
Ставете 1-2 лажички прашок во 2-4 дл зовриена вода и зовријте малку. Засладете со мед или кафеав шеќер од трска, по желба. Овој чај можете да го пиете 1-2 пати на ден.
Пијалок за враќање на виталноста на ослабениот хормонски систем:
Ставете 1-2 лажички чатавари на тивок оган во 2 дл органско млеко 5-10 минути. Изладете и засладете по желба.
Пијте го овој пијалок веднаш додека е топол. Може да го пиете наутро на празен стомак или пред спиење.
При поголеми проблеми направете ајурведски преглед.




0 Comments