fbpx
ШТО Е КАРМА? – 12 закони на кармата

ШТО Е КАРМА? – 12 закони на кармата

by | Дек 31, 2021 | 0 comments

 

Постои погрешна претстава за тоа што е карма и како таа влијае врз нашите животи. Овој текст ќе
помогне да ja спознаеме кармта и нејзините основни принципи, познати како 12 закони на
кармата.

12 закони на кармата

1. Закон на причина и последица
За секоја мисла или идеа која ја носиме во себе, одговор или резултат ќе го добиеме подоцна
зависи што имаме во себе. Тоа е концептот *што сееш тоа ќе жнееш*.
2. Закон за создавање
За да се случи нешто треба акција. Не чекај волшебно стапче да ги оствари твоите желби и акции.
Запрашај се од што треба да се ослободиш за да може да се создаде простор за она што треба
да се појави. Старото остави го на страна, за нешто ново да се случи.
3. Закон за смиреност
Прифати дека реалноста е резултат на минати настани и постапки. Прифати ги нештата онакви
какви се, смири ги страстите, само така доаѓа до позитивни промени.
4. Закон за раст
За да донесеш позитивни промени во светот, треба да започнш со менување на себе.
Вистинската промена или личен раст започнува од тебе.
5. Закон за одговорност
Не бегај од одговорност. Одговорноста ти дава моќ и храброст да чекориш по патот на кармата.
6. Закон за поврзување
Овој закон се базира на принципот дека сè во животот, и минатото, и сегашноста и иднината, се
нераскинливи. Се е поврзано. Она што си денес е резултат на минатите акции и претходни
постапки. А што ќе бидете со тебе утре е резултат на твоите постапки денес.
7. Закон за фокус
Фокусирање на премногу работи одеднаш може да те забави, да те доведе до фрустрација и
негативни вибрации. Фокусирај се на едно нешто, само така нештата побрзо се остваруваат.
8. Закон за давање и гостопримство
Законот на несебично давање го отвара патот кон нови можности и шанси за личен развој во
животот, патот на твојот личен раст. Овој закон ти помага да ја разбереш важноста на
сопствените постапки. На пример, ако сакаш мир, мора да се фокусираш на мирот на другите или
да живееш во изобилие или да живееш со отворено срце, најпрво мора да се поврзеш и со
другите…..тоа е Законот на давање.
9. Закон – овде и сега
За да доживееш мир на умот, мора да ја прифатиш сегашноста. Ова може да се случи само кога
ќе се ослободиш од негативни мисли или однесувања. Ако премногу се фокусираш на настаните
од минатото, ќе продолжиш да ги преживуваш. Остани сега и овде, тогаш имаш јака мисла и
добра енергија.
10. Закон за промена
Според овој принцип, потребно е да сватиме дека секоја минута, секоја секунда се се менува.
Потребно е да се сложиме со промените, без разлика какви се, позитивни или негативни….тоа е
нешто што неможе да го промениме. Така се создава историјата….оние нешта кои се
непроменливи се трајни и така треба да останат, се друго се менува и ние треба да одиме во
ритамот на промените. …тоа е правило на кармата.
11. Закон на трпение и награда
За да генерираме промени во иднина, мора да бидеме доследни во нашите кармички дела денес.
Потребно е да имаме трпение и да бидеме доследни на нашите цели, само тогаш ќе бидат
остварени. Трпението и доследноста водат кон награда.
12. Закон на инспирација
Сите имаме некаква задача во овој свет. Она што го правиме и споделуваме можеби понекогаш
ни изгледа малку, но баш тоа малку може да направи огромна промена во нечиј живот,

инспирирајќи друг. Според овој закон, секој наш придонес влијае на енергијата во светот. Сите
сме родени со специфична инспирација, дарба и мисија која треба да ја вградиме во светот.
Запамети – На светот му е потребна единствено твојата уникатност..

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

Ајурведска диета за февруари

Ајурведска диета за февруари

Февруари во вашето тело Штом температурите ќе паднат и ќе почнат малку да растат кон крајот на јануари, вашето тело ја менува својата стратегија од градење изолациски масти кон нивно ослободување. Телото ослободува маснотии од истата причина поради која миленичињата...

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

 Зачин вреден злато! Лековитите својства на овој зачин постепено се откриваат низ вековите, а одамна е потврдено дека има силно антивоспалително дејство. Овој зачин е познат низ целиот свет поради неговите многубројни лековити својства. Ако случајно видите на...

Здрав појадок за почеток на денот

Здрав појадок за почеток на денот

Во брзањето и вревата на нашиот секојдневен живот, здравата храна понекогаш ја оставаме на последно место.  Спакувана и студена храна за носење, мусли со додаден шеќер, бел леб и сл.  станаа составен дел од нашата рутина за појадок - вкусна за јадење и исклучително...