Златна 4-ка за долговечност:
Мед, цимет, кардамом и вода за зачувување на здравјето на целиот организам
Комбинацијата на мед и цимет е особено важна за проблеми со срцето, и се препорачува секое утро да се консумира измешана смеса намачкана на парче интегрален леб. Мешавина од мед, цимет и кардамом ги лекува повеќето болести. Ајурведската медицинска наука го препорачува медот како многу ефикасно средство за лекување на сите видови болести без несакани компликации. Таа вели дека медот, иако е сладок, може да се земе во одредена доза и во случај на дијабетес. Она на што треба да се внимава е тоа дека медот не треба да се загрева.
Превенција од грип
Ставете една третина од лажичка цимет и кардамом во чаша со 200 милилитри вода, додадете мед и неколку зрна црн пипер. Почекајте да се растопи и пијте полека во голтки. Ова ќе го зајакне вашето тело и ќе го направи отпорно на вируси и бактерии.
За зголемување на имунитетот земајте редовно Амрут и Амла.
Редовно практикувајте Абјанга – ајурведска масжа на целото тело.
0 Comments