fbpx
Ајурведски трик – ослободи се од стресот на природен начин
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Ајурведски трик – ослободи се од стресот на природен начин

Ајурведски трик – ослободи се од стресот на природен начин

by | Ное 12, 2020 | 0 comments

 

Нашето тело како одговор на стрес има природен механизам за одбрана, а тоа е надбубрежната
жлезда која се наоѓа веднаш над бубрезите и се состои од 2 дела – кортекс и срж. Меѓутоа, ако
овој механизам работи постојано, може да биде штетен за здравјето на човекот. Главната
функција на надбубрежната жлезда е да го регулира стресот преку синтеза на стресни хормони –
кортизол и адреналин. Кога нервниот систем предчувствува ментална или физичка опасност,
надбубрежната жлезда почнува да ослободува адреналин и норадреналин во крвта.
Се активира механизам наречен „борба или бегство“.
Стресните хормони веднаш ги стеснуваат крвните садови и го зголемуваат крвниот притисок.
Крвните садови во цревата се затегнуваат истовремено. Предизвикува напнатост во стомачните
мускули и ги запира сите дигестивни процеси.
Ослободи се од стресот.
Денес, многу луѓе живеат под стрес во текот на целиот ден, состаноци, сообраќаен метеж,
стресни ситуации на работа и дома, бурно темпо на живот, па дури и гледање телевизија,
активност која ја сметаме за одмор, може да ни предизвика стрес. Сето тоа придонесува за
стегнатост, напнатост и прекумерна стимулација на хормони на стрес, а нашето тело не е
создадено да биде под постојан стрес.
На надбубрежната жлезда потрбен и е период на одмор и релаксација, по секој преживеан период
на синтеза на стрес хормони.
Прекумерната работа на надбубрежната жлезда може да предизвика висок крвен притисок,
вознемиреност, депресија, промена во расположението и други ментални проблеми.
Ако надбубрежната жлезда работи во таков ритам подолго време, може да се истроши и воопшто
да престане да работи. Ова може да предизвика хроничен замор, несоница, алергии,
хипогликемија и други проблеми.

Ослободи се од стресот по природен пат!

Јогата ги елиминира негативните емоции и стрес
Вежбајте лесно. Одење, јога, таи чи, истегнување, вежби за дишење имаат корисен ефект врз
работата на надбубрежните жлезди. Избегнувајте напорно вежбање.

Етерични масла против стрес

Маслото од лаванда е едно од најпопуларните. Познато е дека ги намалува симптомите на депресија, стрес, анксиозност, па дури и симптомите на посттрауматскиот стрес. Лавандата помага во спиењето, па е одлична за луѓето кои страдаат од несоница. Неколку капки масло од лаванда е сè што ви е потребно за да се чувствувате подобро.

 

Масло од лимонова трева – идеален природен лек против напнатост и стрес. Есенцијалното масло од лимонова трева се користи во ароматерапијата за да помогне во ублажување на болката во мускулите, борбата против бактериите, одбивањето на инсекти, намалување на болките во телото и помага при варењето на храната. Може да се користи за ароматизирање на чаеви и супи, да се додаде како парфем во козметиката, сапуните и дезодорансите.

Моќта на позитивна мисла

ХОРМОНАЛНА ТЕРАПЕВТСКА ЈОГА е специјално дизајнирана серија на динамични асани, пранајами, визуелизација – јога нидра и тибетански енергизирачки техники, кои заедно го активираат произвотството на хормони и следствено го враќаат хормоналниот баланс.

 

Ајурведско органско есенцијално масло – лаванда

 

Ајурведско органско есенцијално масло – лимонова трева

 

ЈОГА

СЕМИНАРИ

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

Секој ден стапалата те носат низ животот. Кога последен пат им подари внимание? Во ајурведската традиција, марма точките се сметаат за важни места на поврзување на телото, здивот и животната енергија — прана. Нивната нега е ритуал на присутност, нежност и внимание кон...

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

Понекогаш најубавиот оброк е чинија топла, домашна чорба — полна со зеленчук, мирисни зачини и вкус што те повикува да забавиш. Во ајурведската традиција, топлата и зготвена храна има посебно место во студените денови, кога Вата се поврзува со студ, сувост и немир....

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

Оваа година, додека го украсувате домот, подарете им внимание и на своите желби за 2027. Успех во работата? Повеќе благосостојба? Љубов и блискост? Топол дом и семејна хармонија? Нови патувања и искуства? Нека секој украс биде мал потсетник на она што сакате да го...