Во ситуација кога ќе почне чувствуво на страв, треба да го направиш следново:
Биди со стравот (не бегај од ова чувство)
Сè додека чувствуваш страв, тој е дел од тебе и не може да се ослободш од него само затоа што
си одлучил така.
Таа одлука да се ослободиш од стравот, сама по себе раѓа конфликт во тебе. Наместо тоа, остави
го да се појави и кога ќе се појави, остани со него.
Не барај ја нејзината кауза. Насочи го целото свое свесно внимание на физичкото чувство на
страв во телото, обично во абдоминалната област. Биди објективен набудувач.
Не именувај го стравот
Запомни, секој страв произлегува од нашето минато. Затоа, не го именувај овој страв, само ќе се
заплеткаш во размислување за тоа, поточно за минатото, и дали знаеш колку од твојата свест и
енергија ќе се потроши на тој процес.
Наша задача е да го препознаеш стравот, фокусирајќи го целото свесно внимание, целиот фокус,
целата енергија на тоа. Исто така, со директно набудување на само на еден страв, всушност се
ослободувш од сите стравови.
Биди свесен за фактот дека стравот не е одделен од тебе
Иако сме условени да размислуваме на начин дека постоиме како субјект и дека постои страв
одделен од нас, вистината е поинаква.
Стравот и ти – сте едно. Значи тој не е надвор од тебе, тој е во тебе.
Кога ја насочуваш силната светлина на сопствената свест кон стравот, поделбата помеѓу тебе и
стравот што го создадовш ќе исчезне, а со тоа и стравот ќе исчезне.
Тогаш ке останеш сам, само ти заедно со светлинатас на сопствената свест.
Практикувајте техники на дишење и јога
Јогата станува се популарен и покорисен начин за обновување на телото, енергијата и елан, подобар фокус, ентузијазам, рамнотежа и флексибилност.
Многу луѓе се посветени на начинот на живот со јога, која вклучува целосни практики на дишење. Бројни практикувачки аспекти на јогата, како што се вежби за дишење и медитација, може да помогнат да се смири вознемирениот ум од брзиот начин на живот со што на брз и лесен начин се ослободуваме од стресот. Намалувањето на стресот под влијание на јогата, воопшто не изненадува што таа е корисна во управувањето со стравот, паниката и анксиозноста.
Практикувајте редовно ајурведски третмани зошто делуваат на смирување на симпатичните и парасимпатичните нерви, причинители за растревоженоста.
Редовно земајте Ашваганда.




0 Comments