Можеме ли да направиме ајурведска масажа со масло на новороденче после една недела?

Секако дека ДА. но пред апликација треба да проверите да не се создаде алергија на маслото кое го користите.

Ова е причината при која советуваме тестови за алергија на масла, пред да нанесете масло кај децата. Треба да бидеме многу внимателни. За да се изврши тест за алергија, 2 – 3 капки од маслото се нанесуваат на меката кожа на подлактицата, местото се означува и се набљудува 20-30 минути. Ако има црвени исипи кои чешаат, тогаш кожата е алергична на маслото. Кај новороденото бебе кожата е многу мека и има потреба од масажа.

По 1-2 месеци, врз основа на советите на вашиот ајурведски лекар, може да започнете нежна масажа со масло со само неколку капки кокосово масло или масло од сусам. Кокосовото масло е соодветно ако бебето има мала тежина, има топло тело и во текот на летните и есенските сезони, ја поднесува топлината на Пита доша. Кокосовото масло е средство за ладење. Маслото од сусам се избира, ако телото на бебето се чувствува ладно на допир и во текот на зимата и сезоните на дождови. Малку е потопло и ја балансира Вата доша. Некои луѓе мешаат масло од сусам во еднакви количини кокосово масло за масажа, што исто така е добро. Најдобро е да изберете шафраново масло. Затоа, почнете со само неколку капки и од недела во недела многу полека зголемувајте ја количината на маслото што се нанесува при масажата. По 1-2 месеци од староста, врз основа на советите на вашиот лекар, можете полека да започнете со воведување на билни масла. Обично се користи масло со додаток на Ашваганда. Направете тест за алергија. Измешајте 1/2 таблетка со 90 ml сусамово / кокосово или шафраново масло и започнете со нанесување. Како што кожата на бебето почнува да се прилагодува на маслото, можете да го зголемите процентот на Ашваганда и да го намалите маслото од сусам/кокос/шафран. Избегнувајте случајно орално голтање. Ако користите рицинусово масло, тоа може да предизвика тешка дијареа и иритација на желудникот кај бебето. Избегнувајте контакт со очите, колку што можете.

Доколку ви се потребни дополнителни совети за изведување на Абјанга кај бебиња посоветувајте се со нашите ајурведски тарапевти.

 

Вата

 

Питта

Ashwagandha

Рицинусово масло

Абјанга

Written by Ayurveda

October 22, 2021

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Ајурведска диета за февруари

Ајурведска диета за февруари

Февруари во вашето тело Штом температурите ќе паднат и ќе почнат малку да растат кон крајот на јануари, вашето тело ја менува својата стратегија од градење изолациски масти кон нивно ослободување. Телото ослободува маснотии од истата причина поради која...

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

 Зачин вреден злато! Лековитите својства на овој зачин постепено се откриваат низ вековите, а одамна е потврдено дека има силно антивоспалително дејство. Овој зачин е познат низ целиот свет поради неговите многубројни лековити својства. Ако случајно видите на...

Здрав појадок за почеток на денот

Здрав појадок за почеток на денот

Во брзањето и вревата на нашиот секојдневен живот, здравата храна понекогаш ја оставаме на последно место.  Спакувана и студена храна за носење, мусли со додаден шеќер, бел леб и сл.  станаа составен дел од нашата рутина за појадок - вкусна за јадење и...