fbpx
🌙✨ АЈУРВЕДСКИ РИТУАЛ СО ЕТЕРИЧНО МАСЛО ОД КАРАНФИЛЧЕ ✨🌙
  • Home
  • /
  • Новости
  • /
  • 🌙✨ АЈУРВЕДСКИ РИТУАЛ СО ЕТЕРИЧНО МАСЛО ОД КАРАНФИЛЧЕ ✨🌙

🌙✨ АЈУРВЕДСКИ РИТУАЛ СО ЕТЕРИЧНО МАСЛО ОД КАРАНФИЛЧЕ ✨🌙

by | Авг 27, 2026 | 0 comments

За топлина, прочистување и ослободување од тежината на денот
Кога вечерта ќе се спушти и домот ќе замолчи, подгответе си мал свет простор. Во Ајурведата, стапалата се сметаат за важна врата кон смирување на целото тело, заедно со гениталиите кај жената. Топлината, мирисот и свесното дишење можат да создадат чувство на длабока приземјеност.
🔥 ПОДГОТОВКА
Во широк сад ставете:
• 2–3 литри топла, но не врела вода
• 5–7 капки етерично масло од каранфилче.
• 1 лажица хималајска сол
• по желба – неколку капки сируп од роза
Оставете да отстојат 5 минути. Проверете ја температурата со рака пред да ги потопите стапалата.
🪔 РИТУАЛ
Седнете удобно, завиткајте ги рамениците со мек шал и потопете ги стапалата 10–15 минути.
Затворете ги очите. Вдишете низ нос, а издишувајте бавно и подолго. Со секое издишување замислете дека напнатоста се спушта низ нозете и се раствора во водата.
Тивко повторете:
„Ја ослободувам тежината.
Ја повикувам топлината.
Се враќам во својот центар.“
На крајот добро избришете ги стапалата и нежно измасирајте ги со малку топло шафраново масло. Облечете памучни чорапи и останете неколку минути во тишина.
🌿 ОВОЈ РИТУАЛ МОЖЕ ДА ПОДДРЖИ:
✨ чувство на топлина и приземјеност
✨ вечерно опуштање
✨ ослободување на напнатоста во стапалата
✨ подготовка на телото за мирен сон и проблеми со инфекции и цистит.
✨ создавање личен простор за тишина и свесност

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

Секој ден стапалата те носат низ животот. Кога последен пат им подари внимание? Во ајурведската традиција, марма точките се сметаат за важни места на поврзување на телото, здивот и животната енергија — прана. Нивната нега е ритуал на присутност, нежност и внимание кон...

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

Понекогаш најубавиот оброк е чинија топла, домашна чорба — полна со зеленчук, мирисни зачини и вкус што те повикува да забавиш. Во ајурведската традиција, топлата и зготвена храна има посебно место во студените денови, кога Вата се поврзува со студ, сувост и немир....

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

Оваа година, додека го украсувате домот, подарете им внимание и на своите желби за 2027. Успех во работата? Повеќе благосостојба? Љубов и блискост? Топол дом и семејна хармонија? Нови патувања и искуства? Нека секој украс биде мал потсетник на она што сакате да го...