fbpx
🌿 АЈУРВЕДСКИ ШПАГЕТИ СО ТААН

🌿 АЈУРВЕДСКИ ШПАГЕТИ СО ТААН

by | Авг 27, 2026 | 0 comments

Кремаст, хранлив и ароматичен оброк кој внесува топлина, стабилност и задоволство. ✨
Потребни состојки:
250 г интегрални или безглутенски шпагети
200 г шампињони, исечкани
½ чаша грашок
2 лажици таан
1 лажица ги путер
1 мало чешне лук
½ лажичка куркума
½ лажичка мелен кумин
¼ лажичка коријандер
Малку црн пипер
Сол по вкус
100–150 мл топла вода од варењето на шпагетите
1 лажичка сок од лимон
Свеж магдонос или босилек
Сусам нароси.
Подготовка:
Сварете ги шпагетите според упатството и зачувајте малку од водата.
Загрејте го маслото или гито. Додајте ги куминот, коријандерот, куркумата и црниот пипер. Загревајте кратко, додека не ја ослободат аромата.
Додајте ги печурките и динстајте 5–7 минути. Потоа додајте ги грашокот и ситно сечканиот лук.
Во посебен сад измешајте ги таанот, лимоновиот сок и топлата вода. Мешајте додека не добиете мазен, кремаст сос.
Намалете ја температурата, додајте го сосот во тавата и соединете го со зеленчукот. Не дозволувајте силно да врие.
Додајте ги шпагетите и нежно промешајте. Ако е потребно, ставете уште малку топла вода.
Послужете веднаш со сусам и свеж магдонос или босилек.
Ајурведски совет
Јадете го оброкот топол и свежо приготвен. За Вата може да се додаде малку повеќе ги, за Пита намалете ги лукот и црниот бибер, а за Кафа користете помалку таан и повеќе зачини.
✨ Храната приготвена со внимание не го храни само телото — таа ги смирува и умот и душата. 👇

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

Секој ден стапалата те носат низ животот. Кога последен пат им подари внимание? Во ајурведската традиција, марма точките се сметаат за важни места на поврзување на телото, здивот и животната енергија — прана. Нивната нега е ритуал на присутност, нежност и внимание кон...

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

Понекогаш најубавиот оброк е чинија топла, домашна чорба — полна со зеленчук, мирисни зачини и вкус што те повикува да забавиш. Во ајурведската традиција, топлата и зготвена храна има посебно место во студените денови, кога Вата се поврзува со студ, сувост и немир....

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

Оваа година, додека го украсувате домот, подарете им внимание и на своите желби за 2027. Успех во работата? Повеќе благосостојба? Љубов и блискост? Топол дом и семејна хармонија? Нови патувања и искуства? Нека секој украс биде мал потсетник на она што сакате да го...