Мирис на кардамом, нежност на шафран и природна сладост на тиква… Есенски десерт што го претвора обичниот оброк во мал ритуал на уживање.

Во ајурведската традиција, топлите, зготвени и сочни јадења се особено ценети во студените и ветровити денови — сезоната што се поврзува со Вата.

СОСТОЈКИ ЗА 2–4 ПОРЦИИ: • 700 г рендана тиква
• 4 лажици гхи
• 250 мл млеко
• 2 лажици индиски ореви
• 2 лажици суво грозје
• 2 лажици мелени бадеми
• Семки од 4 мешунки
кардамом , истолчени /или половина лажичка/
• ¼ лажичка шафран
• 4–6 лажици јаворов сируп, по вкус
• Прстофат сол
• Семки од тиква за украсување

ПОДГОТОВКА:

Потопете го шафранот во малку од топлото млеко. Загрејте 1 лажица ги и динстајте ја тиквата 5–10 минути.

Додајте го целото млеко со шафранот. Поклопете и гответе на тивко додека тиквата омекне и течноста речиси испари.

Додајте го јаворовиот сируп. Мешајте уште 10–15 минути, додека добиете густа, сочна смеса.

Во преостанатото
ги путер кратко пропржете ги индиските ореви и сувото грозје. Додајте ги во тиквата со
кардамомот, бадемите и солта.

Послужете топло, украсено со семки од тиква. Уживајте во мала порција, полека и со внимание.

Понекогаш, убавината на есента се собира во една топла чинија.

0 Comments