Во ајурведската традиција, самомасажата е ритуал на грижа, присутност и поврзување со сопственото тело. Дланките, кои секојдневно даваат и создаваат, заслужуваат внимание.

Мал ритуал за голема пауза

Протриј ги полека една од друга.

Со палецот нежно масирај ја спротивната дланка со кружни движења.

Помини по секој прст, од основата кон врвот, без силно притискање.

Заврши со неколку мирни, природни вдишувања.

Допирот нека биде пријатен и безболен. Одвој 3–5 минути како мал простор за себе.
Мапата на сликата е симболичен приказ според рефлексологијата — не служи за дијагностицирање или лекување на прикажаните органи.

Грижата за себе започнува со сопствениот допир.
Ајурведа Македонија

0 Comments