fbpx
🎃 ЗЛАТНА АЛВА ОД ТИКВА — ТОПЛИНА ВО СЕКОЈ ЗАЛАК
  • Home
  • /
  • Новости
  • /
  • 🎃 ЗЛАТНА АЛВА ОД ТИКВА — ТОПЛИНА ВО СЕКОЈ ЗАЛАК

🎃 ЗЛАТНА АЛВА ОД ТИКВА — ТОПЛИНА ВО СЕКОЈ ЗАЛАК

by | Ное 5, 2026 | 0 comments

Мирис на кардамом, нежност на шафран и природна сладост на тиква… Есенски десерт што го претвора обичниот оброк во мал ритуал на уживање. ✨
Во ајурведската традиција, топлите, зготвени и сочни јадења се особено ценети во студените и ветровити денови — сезоната што се поврзува со Вата.
🥣 СОСТОЈКИ ЗА 2–4 ПОРЦИИ: • 700 г рендана тиква
• 4 лажици гхи
• 250 мл млеко
• 2 лажици индиски ореви
• 2 лажици суво грозје
• 2 лажици мелени бадеми
• Семки од 4 мешунки кардамом , истолчени /или половина лажичка/
• ¼ лажичка шафран
• 4–6 лажици јаворов сируп, по вкус
• Прстофат сол
• Семки од тиква за украсување
👩‍🍳 ПОДГОТОВКА:
1️⃣ Потопете го шафранот во малку од топлото млеко. Загрејте 1 лажица ги и динстајте ја тиквата 5–10 минути.
2️⃣ Додајте го целото млеко со шафранот. Поклопете и гответе на тивко додека тиквата омекне и течноста речиси испари.
3️⃣ Додајте го јаворовиот сируп. Мешајте уште 10–15 минути, додека добиете густа, сочна смеса.
4️⃣ Во преостанатото ги путер кратко пропржете ги индиските ореви и сувото грозје. Додајте ги во тиквата со кардамомот, бадемите и солта.
🌿 Послужете топло, украсено со семки од тиква. Уживајте во мала порција, полека и со внимание.
💛 Понекогаш, убавината на есента се собира во една топла чинија. 👇

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

Секој ден стапалата те носат низ животот. Кога последен пат им подари внимание? Во ајурведската традиција, марма точките се сметаат за важни места на поврзување на телото, здивот и животната енергија — прана. Нивната нега е ритуал на присутност, нежност и внимание кон...

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

Понекогаш најубавиот оброк е чинија топла, домашна чорба — полна со зеленчук, мирисни зачини и вкус што те повикува да забавиш. Во ајурведската традиција, топлата и зготвена храна има посебно место во студените денови, кога Вата се поврзува со студ, сувост и немир....

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

Оваа година, додека го украсувате домот, подарете им внимание и на своите желби за 2027. Успех во работата? Повеќе благосостојба? Љубов и блискост? Топол дом и семејна хармонија? Нови патувања и искуства? Нека секој украс биде мал потсетник на она што сакате да го...