fbpx
Ајурведа и имунитет

Ајурведа и имунитет

by | Јун 23, 2020 | 0 comments

Има многу нешта што можеме да сториме за да го зајакнеме имунитетот, за подобро и природно да се бориме со настинка, грип и вируси.

🌱 Турмерик – содржи куркумин, антиинфламаторно активно соединение кое ги инхибира молекулите кои предизвикуваат воспаление во организмот, за возврат помага да се зајакне имунитетот. Може да се земе со вода, млеко, да се употребува во готвењето, а за да постигнете помоќна концентрација користете таблети куркумин на @srisritattva што ќе ги најдете кај нас (препорачливо е да се земаат две таблети дневно)

🌶 Ѓумбир – свежиот корен има многу лековити својства. Овозможува антиинфламаторно, антивирусно, антиоксидативно и антибактериско својство. 🥄 Готвењето со лути зачини, свежо припремена храна, семиња од ким, сенф, зеленчуци, лук, ѓумбир и куркума, лесно ќе го подобрат вкусот, ќе ја подобрат дигестијата и имунитетот.

🍯Chyawanprash – црн џем од ајурведски билки лесно и брзо го зајакнува имунитетот, а се зема секој ден. /можете да го најдете кај нас/

🌱 Туласи – вид на босилок. Ова растение го нарекуваат: свето, божествено, уникатно, бидејќи дава смиреност во текот на ноќта, и е многу исцелително. Го нарекуваат ” лек за 1000 болести”. Ставете неколку свежи или суви лисја во врела вода или земете го во таблети. /го има кај нас/

🌱 Ним и Трифала – исто така одлични за имунитет и детоксикација на целото тело, кои се дел од пакетот за имунолошка поддршка во ајурведата.

 

Tulasi

Triphala

Chyawanprash

Neem

Ginger

Turmeric

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

Секој ден стапалата те носат низ животот. Кога последен пат им подари внимание? Во ајурведската традиција, марма точките се сметаат за важни места на поврзување на телото, здивот и животната енергија — прана. Нивната нега е ритуал на присутност, нежност и внимание кон...

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

Понекогаш најубавиот оброк е чинија топла, домашна чорба — полна со зеленчук, мирисни зачини и вкус што те повикува да забавиш. Во ајурведската традиција, топлата и зготвена храна има посебно место во студените денови, кога Вата се поврзува со студ, сувост и немир....

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

Оваа година, додека го украсувате домот, подарете им внимание и на своите желби за 2027. Успех во работата? Повеќе благосостојба? Љубов и блискост? Топол дом и семејна хармонија? Нови патувања и искуства? Нека секој украс биде мал потсетник на она што сакате да го...