Пристигна летото, периодот на топлина – каде пита доѓата е во својот највисок зенит!
Ајурведата знае дека сите промени што се случуваат во природата, се случуваат и во нашето тело.
Затоа, може да се заклучи дека пролетта и летото е период во кој телото поминува низ процес на обнова.
Детоксот се користи за да му помогне на вашето тело да ги отстрани токсините акумулирани во текот на зимата кога поради јаката #вата, јадевте пообилно, а помалку време, се движевте.
Со пролетта, преовладувачката енергија на природата /која е влажна и студена – кафа доша, комбинација на вода и земја/, потребно е да подготвиме терен за расчистување на #ама – метаболички отпад од телото.
Во пролет со зголемувањето на #каpha во природата, амата започнува да се раствора во организмот и да предизвика проблеми со алергии, синузитис и слично. Тоа е еден од знаците за зголемена ама во телото.
Ама се создава кога дигестивната моќ и метаболизмот не можат да се справат со количината или видот на внесената храна.
Ајурведата знае многу едноставни начини да ја намали ама, во зависност од индивидуалните различност.
Еве само неколку едноставни и безбедни методи кои ќе ви помогнат да се олесни протокот на енергија низ вашето тело и да ве натера да се чувствувате подобро.
За успешна детоксикација, препорачуваме да ги користите дадените методи најмалку 10 последователни дена.
Хранливи додатоци за утрински детокс
Утрото е најдобро време за детоксикација бидејќи празните црева овозможуваат подобра апсорпција на хранливите материи.
Со задолжителното рано будење (пред 6 часа), се препорачува да го подготвите следниот рецепти и да го консумирате по утринска хигиена и пред лесен појадок.
Мед со сок од лимон
Состојки:
🌿1-2 лажички свежо исцеден сок од
🍋 🌿1-2 лажички природен органски мед
🌿чаша млака вода
Подготовка:
Измешајте ги сите состојки и пијте околу 30 мин. пред појадок.
За дополнителна детоксикација и исфрлање на токсините и вишокот вода од телото користете Трифала и Пунарнава,
Абјанга третманот ќе ви помогне да се стимулира секој дел на телото.
0 Comments