Ценетиот Д-р Авишек Мишра, ајурведски доктор вели дека два часа молк на ден помага да се
создадат неврони во хипокампусот, дел од мозокот одговорен за меморијата, емоциите и
учењето.
Тишината буквално придонесува за регенерација на мозокот. Благодарение на тишината, нашиот
мозок подобро и поквалитетно обработува информации.
Бучната околина, исто така, има негативен ефект врз развојот на децата. Истражувањата покажаа
дека децата кои живеат или одат на училиште во близина на аеродромите, развиваат јазик и
други когнитивни вештини побавно од оние кои живеат во тивка околина.
Децата кои се изложени на бучава од мотори и машини поради лачење на стресни хормони е
потешко да се фокусираат на обичниот говор.
Користење на чепчиња за уши: Ако не сме во можност да се извлечеме од бучавата, обичните
чепчиња за уши може да бидат наша прва помош. Ова значително ќе ги олесни децибелите на кои
сте изложени и ќе ни помогне да се концентрираме на работа и другите активности.
Поставување мебел на зид: поставете мебел, софа или полица за книги на зид од каде доаѓа
бучава. Тие елементи ќе апсорбираат некои од овие звучни бранови. Исто така, може да
инсталираме малку потешки завеси бидејќи имаат способност да ги омекнуваат звуците.
Практикување јога, медитација и антистрес програми редовно, видно го намалува стресот
произлезен од бучавата, го балансира телото и умот и инстант го враќа мирот во нас.
Редовно практикување ајурведски третмани Абјанга и Широдара
АШВАГАНДА-ајурведски суплемент кој ни дава максимална заштита од бучава.




0 Comments