Поврзете се со вашето дете од најмала до најголема возраст 🧸
Допирот најчесто се смета за едно од најмалку користените сетила, а можеби е најмоќното според ајурведата. Тој е всушност најважното и најкористеното сетило кај човекот. Масажите, третманите, акупресурата и допирот на одредени марма точки и другите специфични техники што вклучуваат допири се користат со векови во ајурведата. Допирот може дури и да го исцели телото, да ја намали болката, полесно да ве поврзе со некого, а дава мирен сон на вашето дете.
Ова е најдобриот подарок за вашето бебе и дете, при што ќе се поврзете со него. Предлагаме абјанга и масажа со затоплено ајурведско масло од сусам, кокос, или друго ладно цедено масло според дошата. Маслото слободно можете да се збогати и со некоја капка етерично масло кое дополнтелно ќе даде здравје и спокој.
Како да ја направите?
Мн
Земете мала количина на затоплено масло, и со лесни движења масирајте ја кожата и скалпот на детето 15-20 мин., потоа измијте со природен шампон и сапун за капење во топла бања.
Дури и да не знаете да ги стимулирате вистинските марма точки на телото кај детето знајте дека нежниот и мек допир ќе си го стори своето 🙂
0 Comments