fbpx
Биолошки и психолошки стравови своред ајурведа
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Биолошки и психолошки стравови своред ајурведа

Биолошки и психолошки стравови своред ајурведа

by | Ное 6, 2020 | 0 comments

Биолошкиот страв е вистински и го имаме тогаш кога нашите животи се навистина загрозени.
На пример, ако бегаме од некого или ако се наоѓаме во некоја опасност ….лизгав терен, брзо
возење, паѓање од стрмен предел….Тој страв е оправдан и сосема е нормално да го чувствуваме.
Ако не го чувствувавме, веројатно ќе зачекоривме во бездната или директно во устата на гладен
тигар.

Психолошкиот страв е нешто сосема друго. Создава хаос во животот на современиот човек.
Тоа е илузија создадена од нашите верувања, ставови и мисли за животот. Психолошкиот страв
произлегува од нашето его и секоја одлука што ќе ја донесеме под влијание на нашето его
погрешна е.
Постојат три основни психолошки стравови
Страв од (неизвесна) иднина
Замислуваме само лоши сценарија. Овој страв од неизвесна иднина (болест, сиромаштија) нè
принудува да собираме и акумулираме материјални работи, пари, итн. и сето тоа за да се намали
тој страв.
Но, колку повеќе развиваме мисла се повеќеи повеќе расте тој страв.
Совет за справување со овој вид страв – Животот е постојана промена, затоа треба да научиме да
живееме со неизвесност. Да прифатиме се што се случува како добра животна лекција, без
негативен предзнак. Да сватиме дека ниту едно богатство и „обезбедување“ на иднината нема да
не ослободи од чувството на несигурност. На крајот на краиштата, животот се одвива само СЕГА,
во сегашниот миг. Нема иднина, дури и кога ќе дојде, тоа ќе биде повторно сегашниот момент.
Треба да се има целосна верба дека ќе бидеме доволно мудри за да знаеме како да постапиме и што да правиме во одредени животни ситуации.
Страв од осаменост
За да го надминеме стравот од осаменост, бегаме од тоа и се впуштаме во разни врски и односи
и стануваме силно приврзани за семејството, пријателите, партнерите. Во нив луѓе бараме
безбедност,безбедност во друг нема, не постои и никој не може да ни ја обезбеди.
Токму оваа приврзаност кон другите создава уште еден нов страв – стравот од загуба.
Совет за справување со овој вид страв
Запрашај се од што всушност се плашиш? Дали некогаш си бил целосно сам?
Ако е така, тогаш сигурно знаеш дека може да биде исклучително моќно искуство. Да се биде сам
со себе е наша природна состојба затоа што никој освен ти не го живее твојот живот и никој не
може да се стави во твоја позиција.
Ако може да сватиме дека секој човек е навистина сам на овој свет, без разлика со колку луѓе е
опкружен, тогаш полека се надминува чувство на приврзаност, страв од загуба, осаменост.
Ова значи – ако некој пријател или партнер е во моментов со нас, радувај се, но живеј нормално и
ако таа личност не е таму до тебе. И запомни дека осаменоста не е иста со тоа да се биде сам со
себе.
Страв од неуспех
Повеќето луѓе денес се преплашени од неуспех, од тоа да бидат „никој и ништо“ во овој
амбициозен свет каде што се во прашање само профитабилноста и претприемништвото. Тие
постојано бараат акција затоа што им дава лажно чувство на безбедност. Сето тоа е само игра на
его кое сака да се докаже. Оваа потрага по успех и докажување создава страв кај нас, па дури и
кога ќе станеме успешни, сфаќаме дека тоа било само залудна трка по успех и углед.
Ништо од ова не ни помага да живееме слободно и среќно. Успехот и неуспехот се многу
релативни термини. Многумина, според социјалните норми, „успешните“ луѓе се многу несреќни и
живеат во постојан страв. Многу луѓе кои не постигнале успех во форма на пари или титули,
живеат среќно и исполнето само затоа што не си го наметнале товарот на славата и успехот. Тие
навистина немаат за што да се плашат, затоа што знаат дека немаат што да загубат. Сватете
дека можете да бидете најдобрата верзија од себе, без себични цели и амбиции. Затоа што, кому
треба да докажуваме нешто – освен, можеби, на самиот себе си? Кога ќе сфатите дека можете да
научите многу повеќе од загубата, ќе престанете да се плашите од неуспех.
Запознај ги сопствените стравови – и најди соодветен начин како да ги надминеш!

 

Како да си помогнете на приорден и ефикасен начин?

 

Редовно практикувајте техники на дишење, јога и Шанкапушпи

Shankapushpi

 

ЈОГА

СЕМИНАРИ

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

Секој ден стапалата те носат низ животот. Кога последен пат им подари внимание? Во ајурведската традиција, марма точките се сметаат за важни места на поврзување на телото, здивот и животната енергија — прана. Нивната нега е ритуал на присутност, нежност и внимание кон...

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

Понекогаш најубавиот оброк е чинија топла, домашна чорба — полна со зеленчук, мирисни зачини и вкус што те повикува да забавиш. Во ајурведската традиција, топлата и зготвена храна има посебно место во студените денови, кога Вата се поврзува со студ, сувост и немир....

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

Оваа година, додека го украсувате домот, подарете им внимание и на своите желби за 2027. Успех во работата? Повеќе благосостојба? Љубов и блискост? Топол дом и семејна хармонија? Нови патувања и искуства? Нека секој украс биде мал потсетник на она што сакате да го...