fbpx
Што кога ќе се најдеш во ситуација на страв?
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Што кога ќе се најдеш во ситуација на страв?

Што кога ќе се најдеш во ситуација на страв?

by | Ное 10, 2020 | 0 comments

 

Во ситуација кога ќе почне чувствуво на страв, треба да го направиш следново:

Биди со стравот (не бегај од ова чувство)

Сè додека чувствуваш страв, тој е дел од тебе и не може да се ослободш од него само затоа што
си одлучил така.
Таа одлука да се ослободиш од стравот, сама по себе раѓа конфликт во тебе. Наместо тоа, остави
го да се појави и кога ќе се појави, остани со него.
Не барај ја нејзината кауза. Насочи го целото свое свесно внимание на физичкото чувство на
страв во телото, обично во абдоминалната област. Биди објективен набудувач.

Не именувај го стравот

Запомни, секој страв произлегува од нашето минато. Затоа, не го именувај овој страв, само ќе се
заплеткаш во размислување за тоа, поточно за минатото, и дали знаеш колку од твојата свест и
енергија ќе се потроши на тој процес.
Наша задача е да го препознаеш стравот, фокусирајќи го целото свесно внимание, целиот фокус,
целата енергија на тоа. Исто така, со директно набудување на само на еден страв, всушност се
ослободувш од сите стравови.

Биди свесен за фактот дека стравот не е одделен од тебе

Иако сме условени да размислуваме на начин дека постоиме како субјект и дека постои страв
одделен од нас, вистината е поинаква.
Стравот и ти – сте едно. Значи тој не е надвор од тебе, тој е во тебе.
Кога ја насочуваш силната светлина на сопствената свест кон стравот, поделбата помеѓу тебе и
стравот што го создадовш ќе исчезне, а со тоа и стравот ќе исчезне.
Тогаш ке останеш сам, само ти заедно со светлинатас на сопствената свест.

Практикувајте техники на дишење и јога

Јогата станува се популарен и покорисен начин за обновување на телото, енергијата и елан, подобар фокус, ентузијазам, рамнотежа и флексибилност.

Многу луѓе се посветени на начинот на живот со јога, која вклучува целосни практики на дишење. Бројни практикувачки аспекти на јогата, како што се вежби за дишење и медитација, може да помогнат да се смири вознемирениот ум од брзиот начин на живот со што на брз и лесен начин се ослободуваме од стресот. Намалувањето на стресот под влијание на јогата, воопшто не  изненадува што таа е корисна во управувањето со стравот, паниката и анксиозноста.

Практикувајте редовно ајурведски третмани зошто делуваат на смирување на симпатичните и парасимпатичните нерви, причинители за растревоженоста.

Редовно земајте Ашваганда.

 

ТРЕТМАНИ

ЈОГА

 

Ashwagandha

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

Секој ден стапалата те носат низ животот. Кога последен пат им подари внимание? Во ајурведската традиција, марма точките се сметаат за важни места на поврзување на телото, здивот и животната енергија — прана. Нивната нега е ритуал на присутност, нежност и внимание кон...

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

Понекогаш најубавиот оброк е чинија топла, домашна чорба — полна со зеленчук, мирисни зачини и вкус што те повикува да забавиш. Во ајурведската традиција, топлата и зготвена храна има посебно место во студените денови, кога Вата се поврзува со студ, сувост и немир....

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

Оваа година, додека го украсувате домот, подарете им внимание и на своите желби за 2027. Успех во работата? Повеќе благосостојба? Љубов и блискост? Топол дом и семејна хармонија? Нови патувања и искуства? Нека секој украс биде мал потсетник на она што сакате да го...