Постојат два вида на стрес – акутен и хроничен.
Акутниот стрес главно се јавува поради притисок од премногу обврски или во непредвидени
ситуации.
Тоа е стрес кој е полесен за контрола.
Хроничниот стрес е поопасен.
Тој е присутен секој ден и луѓето учат да живеат со него, игнорирајќи го.
Луѓето со хроничен стрес обично страдаат до целосен колапс, бидејќи чувствуваат дека се
наоѓаат во ситуација која не може да се промени.
Овој стрес може да се појави поради брачни проблеми, финансиска состојба, нефункционално
семејство, кариера, детска траума.
Стрес и зголемување на телесната тежина
Зошто стресот влијае врз килограмите на луѓето? Одговорот е едноставен. За време на стресот,
големи количини на кортизол се ослободуваат во крвта.
Кортизолот создава отпорност на инсулин што предизвикува зголемување на телесната тежина.
Ова е затоа што шеќерот и јаглехидратите од храната не се согоруваат, туку се чуваат во масните
клетки. Резултатот е таложење на маснотии во половината и колковите.
Во таква ситуација, не помага само елиминацијата на шеќерот и нездравите јаглехидрати од
исхраната. Најважно е да се намали стресот што предизвикува вишок кортизол и предизвикува отпорност на инсулин.
Потврдено е дека за време на стрес повеќето луѓе посегнуваат по закуски или слатки.
Само мал процент на луѓе во стресна ситуација го губат апетитот.
Како да си помогнете?
Ослободи се од стресот по природен пат!
Јогата ги елиминира негативните емоции и стрес
Вежбајте лесно. Одење, јога, таи чи, истегнување, вежби за дишење имаат корисен ефект врз
работата на надбубрежните жлезди. Избегнувајте напорно вежбање.
Маслото од лаванда е едно од најпопуларните. Познато е дека ги намалува симптомите на депресија, стрес, анксиозност, па дури и симптомите на посттрауматскиот стрес. Лавандата помага во спиењето, па е одлична за луѓето кои страдаат од несоница. Неколку капки масло од лаванда е сè што ви е потребно за да се чувствувате подобро.
Масло од лимонова трева – идеален природен лек против напнатост и стрес. Есенцијалното масло од лимонова трева се користи во ароматерапијата за да помогне во ублажување на болката во мускулите, борбата против бактериите, одбивањето на инсекти, намалување на болките во телото и помага при варењето на храната. Може да се користи за ароматизирање на чаеви и супи, да се додаде како парфем во козметиката, сапуните и дезодорансите.
ХОРМОНАЛНА ТЕРАПЕВТСКА ЈОГА е специјално дизајнирана серија на динамични асани, пранајами, визуелизација – јога нидра и тибетански енергизирачки техники, кои заедно го активираат произвотството на хормони и следствено го враќаат хормоналниот баланс.
Намалете ја килажата на природен начин
Земајте редовно Пунарнава и Трифала




0 Comments