Со векови, во ајурведата медот се користи за нега на коса и кожа. Клеопатра била позната по тоа што се капела во мед и млеко, а сопругата на римскиот освојувач Нерон, користела лосион со мед и млеко за лицето за да го задржи младешкиот изглед. Дури и пред козметиката да започне широко да се произведува кон крајот на 1800-тите, медот бил популарна состојка
Природниот мед е ефикасен и при третмани за помали гребнатинки и изгореници. Ефикасен е и како антимикробен агенс. Медот ја чисти кожата, и ја дава потребната влага, ја лекува, ја храни и ја штити од бактериски инфекции.
Може да се каже дека медот во козметиката е ист како и во кујната. Не само што е вкусен туку и влијае на доброто расположение, а има и поволно влијание врз нашиот тен. Затоа е нeрискинлив дел од нашите природни ајурведски средства за нега на телото.
Ако барате природени решенија за: свеж, сјаен тен и негувана кожа, еве неколку предлози.
Сè што ви треба е добар, органски /шафранов/ мед.
Дерматолозите велат дека медот прави чуда на кожата благодарение на неговите антибактериски својства и високата содржина на антиоксиданти.
Медот е природен антибактериски агенс, го забрзува повлекувањето на мозолчињата, богат е со антиоксиданси, затоа ги забавува првите знаци на стареење, ја хидрира и ја смирува кожата, така што тенот станува свеж и сјаен, и ги отвора порите и полесно се чистат.
Бања со мед
Ако вашата кожа е сува и склона кон иритација, медот ќе ви помогне. Додадете две шолји мед во кадата, и опуштете се и уживајте. Кога и тоа ќе ви здодее, земете малку сода бикарбона во вашата дланка, додадете малку „медена вода“ и направете брз пилинг на кожата на лактите и стапалата. Кожата ќе се нахрани и хидрира на природен начин, без хемикалии. Додадете и некоја капка лавандино есенцијално масло, дополнително ќе ве опушти и ќе ја смири иритацијата.
По овој третман се препорачува негата да продолжи со некои од нашите путери за нега на лице и тело.
Ајурведски путер за лице и тело со додаток на масло од коноп




0 Comments