fbpx
Најмоќниот ајурведски лек на светот – паста од мед и лук
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Најмоќниот ајурведски лек на светот – паста од мед и лук

Најмоќниот ајурведски лек на светот – паста од мед и лук

by | Мар 15, 2021 | 0 comments

Дали има поздравио нешто од овие две намирници: лук и мед?
Лукот, како и медот мора да се јадат сурови. Ајурведските познавачи велат дека оваа мешавина
може да спречи рак.
Кога ќе ги измешате двата најздрави производи во светот, добивате моќен лек за низа болести.
Медот само ги подобрува корисните својства на лукот. Користејќи мед со лук една недела на
празен стомак, значително ќе го подобрите вашето здравје.
Лукот во комбинација со зачини дефинитивно го подобрува вкусот на храната. Се користи во
скоро сите национални кујни. Уште од дамнина, лукот се сметал за еден од најефикасните лекови
против разни болести, а со негова употреба заедно со мед на празен стомак, докажано е дека му
прави добро на организмот.
Како да се направи природен лек од овие две состојки?
Ајурведата вели дека кога додаваме мед во лук, видно ги подобрува и интензивира неговите
корисните својства. Запомнете, аплицирање мед со лук една недела на празен стомак,
значително го подобрува здравјето.

Сировини:
1 чаша пчелин мед
10 чешниња лук.

Подготовка:
Со мелница се меле лукот. Се става во тегла и се додава медот. Теглата се затвара и остава на
ладно место една недела. Лекот се зема секој ден по една лажица, на празен стомак во текот на
една недела.
Потоа, се прави пауза неколку недели и се повторува.
Предности на овој лек:
ја подобрува циркулацијата на крвта;
го нормализира крвниот притисок;
го намалува нивото на “лош” холестерол во крвта;
го намалува воспалението;
го зајакнува имунитетот;
елиминира кашлица;
го третира телото од настинка или грип.
Додека го користите овој лек, се препорачува да се избегнува масна и брза храна, шеќер и
алкохолни пијалоци.

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

Широ Абхјанга: одвојте пет минути за себе

Широ Абхјанга: одвојте пет минути за себе

Нежен допир. Мирен здив. Момент во кој можете да забавите. По ден исполнет со обврски, екрани и постојано брзање, одвојте време за едноставен ритуал на нега. Опуштете ја вилицата, спуштете ги рамената и насочете го вниманието кон допирот. Во ајурведската традиција,...

💚 ТВОЕТО ТЕЛО ТИ ЗБОРУВА. КОГА ПОСЛЕДЕН ПАТ ГО ПОСЛУША?

💚 ТВОЕТО ТЕЛО ТИ ЗБОРУВА. КОГА ПОСЛЕДЕН ПАТ ГО ПОСЛУША?

Слушни го своето тело — посвети си внимание Секојдневното брзање лесно нè оддалечува од сопствените потреби. Јадеме набрзина, го одложуваме одморот и ретко застануваме да забележиме како се чувствуваме. Одвојте време за себе, поставете ги прашањата што ги одложувате и...

🥣 Ајурведска крем-супа од бел грав и рузмарин

🥣 Ајурведска крем-супа од бел грав и рузмарин

Топол, кремаст оброк со ѓумбир, кумин и нежна арома на рузмарин — без брашно и павлака. Состојки за 4 порции: 500 г сварен бел грав, исцеден и исплакнат 1 морков, ситно исечкан 1 стебленце целер, ситно исечкано 1 лажица ги масло или маслиново масло 1 лажичка свеж...