fbpx
Ајурведа – јак имунолошки систем одбрана од вируси, бактерии и габи
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Ајурведа – јак имунолошки систем одбрана од вируси, бактерии и габи

Ајурведа – јак имунолошки систем одбрана од вируси, бактерии и габи

by | Сеп 3, 2021 | 0 comments

  1. Нашиот имунолошки систем е одговорен за заштита на нашиот организам од надворешните влијанија како: вируси, бактерии и габи.
Дури помага во борбата против токсините.
Јак имунитет е од најголема важност за целосно здравје.
Проблемот е што е многу тешко да го ′′ зајакнеме ′′ нашиот имунолошки систем со разни средства.
Најзначајниот начин да го одржиме имунолошкиот систем здрав е грижата за стомакот, мозокот и хормоните.
На пример, ако мозокот и хормоните му обезбедат одмор преку контролирање на сонот и стресот, имунолошкиот систем функционира значително подобро. Ако јадете одредена храна – диета, ќе го подобрите здравјето на стомакот, а тоа е местото каде “престојува: вашиот имунолошки систем.
Совети:
• Зголеменото спиење – го намалува стресот
Еден од најдокажаните начини за зголемување на имунитетот е со зголемување на спиењето. Губењето на сонот ги прави Т клетките да дејствуваат намалено и исто така го намалува нивото на заштитниот цитокин. Најдобро време за спиење е 8 часа добар и квалитетен сон.
– Обидете се да бидете синхронизирани со цикличниот ритам, нашиот внатрешен биолошки часовник.
– Разбудете се и добијте директна сончева светлина, по можност пред 6 часот наутро. Дали знаете дека функцијата на мозокот и имунолошката функција се подобруваат со природната светлина и природа? Витаминот Д3 е толку фундаментален за имунолошкиот систем. Инсистрирајте секојдневно да добиете директна сончева светлина.
– Вечерта престанете да јадете најмалку 2 часа пред легнување и исклучете ги сите уреди со сина светлина 30-60 минути пред спиење.
– Редовно додавајте антивоспалителни зачини во исхраната.
Антивоспалителните зачини се одличен начин и за намалување на воспаленијата во телото и подобрување на оброците.
• Куркума, ѓумбир, лук, кардамом и црн пипер (црн пипер, каен бибер ) сите имаат високи антивоспалителни својства. Други билки и зачини кои даваат голема антивоспалителна моќ се: рузмарин, цимет, жалфија и каранфилче.
Во ајурведата постојат многу различни начини како лесно да ги интегрирате овие состојки во вашата кујна. Друг лесен начин да го направите мешавина од: маслиново масло, лук, куркума, црн пипер, лимон и многу свежи билки!
– Размислете за поголем внес на билни влакна
Влакната се неопходни за здравјето на цревата. И запомнете дека здравјето на цревата, хормоните, мозокот и имунолошкиот систем се поврзани! Друга причина зошто толку многу го сакаме зеленчукот е затоа што тие изобилуваат со влакна што му се потребни на вашето тело. Можете исто така да го зголемите внесот на овие многу потребни влакна со свежо овошје.
– Секој ден редовно практикување на маслена Абјанга – ајурведски третман.
И секако редовно семање на Амла, Амрут и Туласи.
Ова се некои од најдобрите совети за да го одржите имунолошкиот систем здрав на др.Авишек.
Фото: Фрипик

Органска куркума во прав 200гр

Органски кардамом во прав 200гр

Tulasi

Amla

 

 

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

Секој ден стапалата те носат низ животот. Кога последен пат им подари внимание? Во ајурведската традиција, марма точките се сметаат за важни места на поврзување на телото, здивот и животната енергија — прана. Нивната нега е ритуал на присутност, нежност и внимание кон...

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

Понекогаш најубавиот оброк е чинија топла, домашна чорба — полна со зеленчук, мирисни зачини и вкус што те повикува да забавиш. Во ајурведската традиција, топлата и зготвена храна има посебно место во студените денови, кога Вата се поврзува со студ, сувост и немир....

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

Оваа година, додека го украсувате домот, подарете им внимание и на своите желби за 2027. Успех во работата? Повеќе благосостојба? Љубов и блискост? Топол дом и семејна хармонија? Нови патувања и искуства? Нека секој украс биде мал потсетник на она што сакате да го...