Нарушувањата на меморијата често се резултат на несоодветно снабдување на мозокот со хранливи материи. Меморијата често ослабува со возраста. Алкохолот ги уништува мозочните клетки и затоа губењето на меморијата е многу честа појава кај алкохоличарите. Покрај злоупотребата со алкохол, супстанците како ЛСД, марихуана и кокаин можат да предизвикаат нарушувања на меморијата, што може да го оштети мозочното ткиво и да влијае на меморијата.
Според Ајурведата, повеќето нарушувања на меморијата се предизвикани или од стагнација на Кафа дошата (енергија на вода во телото) или од дизбаланс на Вата доша (енергија на воздухот), затоа, за да се подобри меморијата, потребно е да се намалат или балансираат вата и кафа дошата. Што се однесува до Пита доша (енергијата на огнот во телото), таа е остра и продорна, поттикнува добра меморија.
Следните упатства ќе ви помогнат да ја подобрите вашата меморија и да се ослободите од заборавањето.
Кичари
Кичари е едноставно, ајурведско хранливо јадење направено од ориз и излупен мунг дал, со малку зачин додаден по вкус. Петдневен пост на кичари со мала количина зеленило од коријандер и магдонос го чисти телото и ја подобрува меморијата.
Еден од рецептите за кичари
потребно е:
1 чаша ориз локален или басмати
1 чаша мунг гравче (вид на мешункаст зеленчук) или локален цацар, ако немате соодветно гравче, можете да го замените со грашок, ако е изртен е подобро. Потопете го грашокот преку ноќ или подолго додека не из’рти, а потоа измијте темелно.
1 мал грст лисја од коријандер или магдонос сецкани
6 чаши вода
Исплакнете го оризот и гравот неколку пати во многу вода. Ако имате време, натопете ги зрната неколку часа, тоа ќе ја подобри апсорпцијата.
Ставете ориз, грав и коријандер и магдонос во тенџере, прелијте со топла вода, оставете да зоврие и оставете да врие 5 минути без капак, мешајќи повремено.
Намалете ја топлината, покријте го тенџерето малку подотворено и вриејте околу 25 до 30 минути додека не омекне. Ставете малку ги (стопен путер) врз кичарито пред сервирање.
Подобрете ја меморијата со редовно земање Брами и редовно практикување на Широдара
Добар апетит 🙂
Recent Comments