Што да јадете и практикувате пред и по вакцината КОВИД-19

Што да јадете и практикувате пред и по вакцината КОВИД-19 за да ги намалите несаканите ефекти

Јадете и пијте ја оваа храна и пијалоци и ќе му дадете најдобра шанса на имунитетниот систем да реагира добро и да закрепне брзо. Доколку јадете месо вклучете веднаш пилешката супа, лесно се вари и го хидрира телото. Според Центарот за контрола и превенција на болести, несакани ефекти на вакцините може да вклучат: болка, црвенило и оток на местото на инјектирање, како и можна треска, главоболка, замор, гадење, треска и болка во мускулите. Овие симптоми се всушност добар знак дека вашето тело гради имунитет и тие обично ќе поминат за неколку дена (ако не запрат по овие неколку дена, јавете се кај вашиот лекар), советува ЦДЦ. Но, постојат мали чекори што можете да ги преземете за да ги намалите овие несакани ефекти, а многу од нив имаат врска со вашата исхрана. Утринска лесна јога и техники за дишење се препорака која веднаш го оксидира телото и го зголемува имунитетот. Имајте лесен појадок Кичари или некоја овесна каша со многу овошје. 

Корисна храна, пијалоци и практики за справување со несакани ефекти од вакцините

Очигледно, не е пријатно да се чувствувате неубаво неколку дена пред и по вакцината, што е особено можно по втората доза на вакцина. „Потребен е соодветен одмор и спиење кога примате вакцина, а секако и лесни јога вежби или лесно пешачење во природа“, советува д-р Авишек Мишра, ајурведски лекар, кој често не посетува во Македонија. Тој има неколку едноставни препораки што треба, а што не треба да се прави во однос на храната и пијалоците. Често користете чај од ѓумбир, куркума и кардемом кои имаат силни антиинфалматорни својства и се одличен и безбеден традиционален лек за проблемите кои се јавуваат во гастроинтестиналниот тракт. Сите знаеме дека дигестивниот тракт е уште наречен и втор мозок по својата важност. Кога тој не функционира како што треба сето тело е во дисфункција. Лесно е да направите чај од ѓумбир, а едноставниот рецепт може да го најдете тука. Постојано правете детоксикација на телото. Избегнувајте го земањето на белиот шеќер, бидејќи само една лажичка од истиот го намалува имунитетот во следните неколку часа, вели Шри Шри Рави Шанкар еден од мудреците на денешницата. Јачината на имунитетот зависи од реакцијата на организмот од вакцината и синтетизирање на антитела и белите крвни клетки, за што е потребен соодветен протеин во исхраната, вели др. Авишек. Што значи зголемето го внесот на природни протени во исхраната. Хидрирајте се што повеќе со здрави течности, топла вода или билни чаеви. Треската што може да ја предизвика вакцината може да доведе до дехидратација. Ајурведската диета става акцент на здравите масти, протеини и јаглени хидрати кои изобилуваат во ова период од годината на локалните пазари. Јадете здрава, органска храна особено неколку недели пред закажувањето за вакцинацијата. Познато е дека ајурведскиот стил има големо антиинфламаторно и детокс дејство, кое започнува да го зајакнува телото веднаш. Дури и ако веќе сте се вакцинирале со првата доза сеуште не е доцна да започнете со овој режим на исхрана. Диетата нагласува зеленчук, овошје, цели зрна, здрави Омега-3 и мононезаситени масти (како оние во маслиново масло), риба, живина, грав и јајца. Црвено и масното месо се исклучени. Едно истражување покажа дека лицата над 65 години кои јадат пет или повеќе порции овошје и зеленчук дневно имаат посилен имунолошки одговор на пневмонијата и вакцината отколку врсниците кои јадат две порции или помалку. Дали можеби сте размислувале да јадете диета со низок гликемиски индекс најмалку неколку дена по вакцината Диетата со низок гликемиски индекс ќе го одржи вашиот шеќер во крвта стабилен. Истражувањата покажуваат  дека пониските нивоа на гликоза имаат тенденција да бидат антиинфламаторни. Општо земено, храната што го одржува шеќерот во крвта на здрави нивоа вклучува: зелен зеленчук, повеќе грав, цели зрна и леб од повеќе житарици, легуминози, овошје како бобинки и јаболка, и секако здрави посни протеини, јајца и ореви. Омилениот лек на сите времиња кај повеќето од популацијата е пилешката супа Згответе ја со многу зеленчук кој лесно се вари и негува. Внимавајте на здравјето на цревата за да го зголемите имунолошкиот одговор на телото кој е од исклучителна важност. Кај човечката популација, имунолошкиот одговор на вакцините варира. Дел од ова зависи од возраста – како што старееме, имунитетот ни опаѓа. Дел од тоа зависи од индивидуалните варијации. А, дел од тоа зависи од видот на вакцината што ја примате. Важен аспект на реакцијата на вакцините, и воопшто на имунитетот, е здравиот микробиом на цревата, рече д-р Мишра, ајурведски лекар и нутриционист од Индија. Не само што одговорите на вакцините се варијабилни, туку и здравиот микробиом е докажан во научни студии за зголемување на имунолошкиот одговор на вакцините. Разновидна и здрава микробиолошка групација во цревата ќе влијае директно на имунитетниот систем. Тој препорачува диета богата храна со растителни влакна и слабо ферментирана храна „да започнете две недели пред вакцината и да продолжите минимум две недели потоа“. „Диетите богати со влакна поттикнуваат раст на корисни бактерии кои го поддржуваат имунолошкиот одговор“, објасни тој. Млечните производи како сирењата и кашкавалите исто така треба да се исфрлат од исхраната во овој период, бидејќи го закиселуваат органзимот. Кафињата и цигарите исти така треба да се сведат на минимум или сосема да се исклучат.

Продолжуваме со земање на суплементи кои ко подржуваат имунитетот како Амла, Амрут и Туласи.

Бидејќи во овој период од годината Кафа дошата е нагласена и нејзините влијанија врз дишните патишта и алергиите се зголемени. Редовно да се практикува насја третман и да се нанесува насја масло во носот и дишните патишта кои дополнително ќе го негуваат и природно дезинфицираат.

И секако редовното практикување на Абјанга и Удвартана.

 

Удвартана

Абјанга

Органско ајурведско масло за нос

Amruth

Amla

Кичари – ајурведска храна за подобра меморија

При силна кашлица помогнете си со овој едноставен ајурведски рецепт

ЈОГА

Written by Ayurveda

April 15, 2021

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Ајурведска диета за февруари

Ајурведска диета за февруари

Февруари во вашето тело Штом температурите ќе паднат и ќе почнат малку да растат кон крајот на јануари, вашето тело ја менува својата стратегија од градење изолациски масти кон нивно ослободување. Телото ослободува маснотии од истата причина поради која...

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

 Зачин вреден злато! Лековитите својства на овој зачин постепено се откриваат низ вековите, а одамна е потврдено дека има силно антивоспалително дејство. Овој зачин е познат низ целиот свет поради неговите многубројни лековити својства. Ако случајно видите на...

Здрав појадок за почеток на денот

Здрав појадок за почеток на денот

Во брзањето и вревата на нашиот секојдневен живот, здравата храна понекогаш ја оставаме на последно место.  Спакувана и студена храна за носење, мусли со додаден шеќер, бел леб и сл.  станаа составен дел од нашата рутина за појадок - вкусна за јадење и...