fbpx
Ајурведа и менопауза – дел втори

Ајурведа и менопауза – дел втори

by | Сеп 1, 2020 | 0 comments

 

За време на менопаузата, дошите претрпуваат големи промени и нерамнотежата на истите во оваа фаза може да резултираат со различни симптоми.

Симптоми на #вата: промени во расположението, вознемиреност, страв, неправилно чукање на срцето, несоница, подуеност, болка во зглобовите, сува кожа, намалена концентрација, губење на коскеното ткиво.

Симптоми на #пита: лутина, раздразливост, критикување, ноќно потење, акни, осип, валунзи, висок крвен притисок.

Симптоми на #Кафа: зголемување на телесна тежина, слабост, задржување на течности, летаргија, бавно варење, депресија, тага, губење на мотивација.

Една лажичка свеж гел од алое вера, земена три пати на ден, помага во спречување и олеснување на непријатните симптоми. Сокот од калинка со додаден лимон и чај од нане носат олеснување на брановидноста. Свежо исцедениот сок од портокал со лажичка мед и прстофат морско оревче може да биде ефикасен кај анксиозноста и чукањето на срцето. Чајот од камилица ги смирува вознемиреноста и нервозата, а чаша топло млеко со прстофат од морско оревче пред спиење помага при несоница.

Правилната употреба на билки помага во зајакнување и подмладување на репродуктивниот систем, балансирање на хормоните, зајакнување на кардиоваскуларните и нервните системи.

Некои од препорачаните 🌿 се:

#Сатавари,

#Ашваганда,

#Арџуна.

Редовната физичка активност за време на менопаузата е многу важна бидејќи помага во градењето на коскената маса, спречува зголемување на телесната тежина и ги ублажува симптомите на стрес и вознемиреност. Една од ефективните техники за балансирање на хормоните е дневното 15-минутно наизменично носно дишење наречено. Нади шодана заедно со специјалните хормонални јога вежби. Рамнотежата на каналите поврзани со левата и десната ноздра помагаат да се балансираат силите на двојност во телото.
Овие ајурведски суплементи можете да ги најдете кај нас.

 

Arjuna

Ashwagandha

Satavari

 

Вата

Питта

Кафа

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

Ајурведска диета за февруари

Ајурведска диета за февруари

Февруари во вашето тело Штом температурите ќе паднат и ќе почнат малку да растат кон крајот на јануари, вашето тело ја менува својата стратегија од градење изолациски масти кон нивно ослободување. Телото ослободува маснотии од истата причина поради која миленичињата...

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

 Зачин вреден злато! Лековитите својства на овој зачин постепено се откриваат низ вековите, а одамна е потврдено дека има силно антивоспалително дејство. Овој зачин е познат низ целиот свет поради неговите многубројни лековити својства. Ако случајно видите на...

Здрав појадок за почеток на денот

Здрав појадок за почеток на денот

Во брзањето и вревата на нашиот секојдневен живот, здравата храна понекогаш ја оставаме на последно место.  Спакувана и студена храна за носење, мусли со додаден шеќер, бел леб и сл.  станаа составен дел од нашата рутина за појадок - вкусна за јадење и исклучително...