fbpx
Дали сте слушнале за ајурведски детокс на мозокот?
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Дали сте слушнале за ајурведски детокс на мозокот?

Дали сте слушнале за ајурведски детокс на мозокот?

by | Мај 18, 2021 | 0 comments

Како да се направи детоксикација на мозокот?

Кога станува збор за чистење на телото, обично мислиме на црниот дроб и дебелото црево, но
ретко зборуваме за мозокот, кој исто така е изложен на токсини и тешки метали.
Вашиот мозок работи напорно секој ден.
Покрај обработката на информациите што ги добива од сетилата, тој исто така ги регулира
емоциите, управува со процесите на сеќавање, меморија и го координира движењето.
За да ја направи својата задача уште потешка, тој ги следи и контролира другите процеси во
телото.
Исто како и сите клетки во нашето тело, мозоокот произведува нуспроизводи што треба да се
елиминираат. Тој е изложен на токсини во животната средина, тешки метали ( алуминиум, жива,
олово, кадмиум и бакар), кои се акумулираат во мозокот и на крајот да доведат до сериозни
болести. Одредени штетни навики, нездрави релации и врски, негативни мисли и реакции се исто
така отрови кои влијаат на работата на мозокот.
И додека телото се чисти од токсини благодарение на работата на лимфниот систем, мозокот
има свој систем за прочистување – лимфниот систем.
Но, овој систем е често преоптоварен и му треба дополнителен стимул во форма на
фундаментални промени во животните навики.
Голмфатичен систем – чистач на вашиот мозок
Ајурведата вели дека во телото, покрај лимфниот систем, постои и друг систем одговорен за
детоксикација, а тоа е голимфатичкиот систем, кој е составен од крвни садови во мозокот кои
создаваат цереброспинална течност. Таа течност ги отстранува отпадните материи од мозокот и
целиот централен нервен систем и го снабдува мозокот со хранливи материи.
Голмфатичкиот систем го чисти мозокот собирајќи отпадни материи, штетни протеини, како што е
бета-амилоид, кој придонесе за создавање токсини, метаболити и Алцхајмерова болест.
Овој систем е најактивен навечер додека спиете.
Ако неговата работа е нарушена, на пример, од хронична несоница или акумулирани токсини,
краткорочните последици може да бидат слаба меморија, ментална магла, замор и летаргија.
На долг рок, ризикот од ментални и невродегенеративни болести, како што се деменција,
Алцхајмерова и Паркинсонова болест, се зголемува.
Како да се направи детоксикација за мозокот
Ако и самите имате симптоми како што се постојан замор, магла на мозокот, слаба меморија,
вознемиреност или депресија, на вашиот мозок или на голфматскиот систем, итно му треба
детоксикација. Со цел вашиот мозок да ги врати оптималното здравје и функција, треба да
воведете трајни здрави навики, особено во врска со спиењето, диетата и вежбањето. Еве како
дополнително да активирате детоксикација на мозокот.
Почастете се со доволно часови сон
Ако страдате од несоница, вашиот мозок не може соодветно да се исчисти од токсини.
Најдоброто нешто што можете да направите е да легнете на време и да спиете барем 7 или 8
часа. Најважно за детоксикација е длабок сон, односно не-РЕМ фаза на сон (без соништа). Додека
спиете, цереброспиналната течност влегува во вашиот мозок и потоа ги отстранува отпадните
материи и токсините од него. Мозочните клетки се намалуваат, а просторот меѓу нив се зголемува

за 60 проценти, а потоа се одвива процесот на отстранување на опасните акумулации на бета-
амилоид и други токсини. Несоницата придонесува за акумулација на бета-амилоид и токсини и

во голема мера го зголемува ризикот од невродегенеративни и други ментални болести.
Бидете физички активни на свеж воздух
Можете исто така да дадете одличен поттик за работата на голимфатичкиот систем со
секојдневно движење на свеж воздух и редовно вежбање. Физичката активност ја подобрува
работата на мозокот, меморијата и способностите за учење. Престојувајќи во природа, во зелена
околина, има многу корисен ефект врз здравјето на мозокот. Исто така, вежбањето јога ќе го
подобрат квалитетот на вашиот сон и ќе го намалат нивото на стрес што негативно влијае на
функцијата на мозокот.
Вежбајте јогиско длабоко дишење

Кога подлабоко дишете, цереброспиналната течност циркулира посилно низ ‘рбетот и мозокот и
поттикнува чистење на мозокот и голимфатична дренажа. Ајурведата вели дека длабокото
дишење преку нос ја стимулира циркулацијата на цереброспиналната течност. Затоа, дишете
длабоко, бавно, вежбајте пранајама и техники на дишење кои се применуваат во јога практиката.
Покрај подобрувањето на циркулацијата, дишењето преку нос придонесува и за создавање на
смирувачки, медитативни алфа бранови во мозокот подобрувајќи ги когнитивните функции.
Консумирајте анти-воспалителна храна
Здравјето на дигестивниот систем е директно поврзано со нашето ментално здравје. Храната што
создава воспаление во цревата, исто така, има негативен ефект врз мозокот.
Брзата храната создава токсини што можат да резултираат во депресија и вознемиреност.
За оптимална функција и здравје на мозокот, консумирајте органска или домашна храна што не е
заситена со пестициди и други токсини.
Изберете антиинфламаторна храна богата со растителни протеини, антиоксиданти, витамини,
минерали и омега-3 масни киселини.
Исто така, за детоксикација на мозокот, јадете храна богата со витамин Ц, бакар и манган
(зрна, агруми, спирулина, зелен лиснат зеленчук, печурки)
Збогатете го менито:
круцифероли и темно зелен лиснат зеленчук
мешунки
моркови и цвекло
антиинфламаторни зачини: куркума, ѓумбир, цимет, рузмарин, лук
пробиотици: кефир, кисела зелка, домашен јогурт, кимчи
здрави масти: семиња, ореви, масло од авокадо, кокосово масло
Повремено постете
За здравјето на мозокот и целиот организам е многу важно да се воведе повремено постење. Ова
значи да прескокнете еден оброк (по можност вечера) или да сме повеќе на течности. Постот има
многу корисен ефект врз мозокот со намалување на воспалението и оксидативниот стрес. Покрај
тоа, делува на одредени штетни протеини кои се вклучени во предвременото стареење на
мозокот.
Ако сакате да му дадете дополнителен поттик на вашиот мозок, можете да земате додатоци како
ресвератрол, ацетил Л-карнитин, гинко билоба или креатин од време на време.
Со чистење на мозокот од токсини, вашето тело исто така ќе оживее. Одеднаш ќе забележите
дека имате повеќе енергија, дека сте посилни и имате подобро расположени и сте позитивни.

Барем еднаш неделно практикувајте Абјанга

Абјанга е древен ајурведски третман на цело тело со топло сусамово масло, препорачана секојдневна рутина за лекување на целокупното здравје и благосостојба.

Ги смирува сите три доши, го ублажува заморот, дава енергија за целиот ден, совршен сон, го подобрува тенот и сјајот на кожата, промовира долговечност и ги храни сите делови на телото.

За длабински одмор на мозокот ви препорачуваме редовно земање на Ашваганда.

При поголема ментална исцрпеност препорачуваме земање на Брахми

Brahmi

Абјанга

Ashwagandha

ЈОГА

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

Ајурведска диета за февруари

Ајурведска диета за февруари

Февруари во вашето тело Штом температурите ќе паднат и ќе почнат малку да растат кон крајот на јануари, вашето тело ја менува својата стратегија од градење изолациски масти кон нивно ослободување. Телото ослободува маснотии од истата причина поради која миленичињата...

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

 Зачин вреден злато! Лековитите својства на овој зачин постепено се откриваат низ вековите, а одамна е потврдено дека има силно антивоспалително дејство. Овој зачин е познат низ целиот свет поради неговите многубројни лековити својства. Ако случајно видите на...

Здрав појадок за почеток на денот

Здрав појадок за почеток на денот

Во брзањето и вревата на нашиот секојдневен живот, здравата храна понекогаш ја оставаме на последно место.  Спакувана и студена храна за носење, мусли со додаден шеќер, бел леб и сл.  станаа составен дел од нашата рутина за појадок - вкусна за јадење и исклучително...