fbpx
Кичари на Горан – најздравата ајурведска закуска
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Кичари на Горан – најздравата ајурведска закуска

Кичари на Горан – најздравата ајурведска закуска

by | Авг 12, 2021 | 0 comments

Кичари е ајурведско јадење за детоксикација и едно од најстарите ајурведски специјалитети. Тоа е мешавина од две или повеќе зрна. Традиционалниот кичари се прави од ориз и леќа но, наместо ориз, можете да користите кое било друго жито (киноа, леќа, амарант, итн.).

Тајната на одличниот вкус на кичари лежи во добро избалансираните зачини. Зачините не само што му даваат богат вкус на јадењето, туку имаат и лековити својства за подобрување на варењето и апсорпцијата на хранливите материи.

Кичари се вари многу лесно, богат е со хранливи материи, го чисти организмот од токсини, го доведува телото во состојба на рамнотежа, а исто така ја зголемува и виталната енергија.

Состојки:
– 1 шолја басмати ориз или локален ориз
– 3 лажици ги путер или растително масло
– 3 1/2 чаши вода
– 2 чаши варен грашак, исцеден
– 1/2 чаши мали моркови
– 1/2 шолји мал целер
– 1 среден кромид, исецкан на парчиња
– 2 листови од ловор
– 3/4 лажичка мелен кардамом (или 5 капсули)
– 3 цели каранфилчиња
– 1/2 лажички ким во прав
– 1/2 лажички мелен анасон
– 1/3 лажичка цимет
– 1 лажичка органска куркума
– 3 и 1/2 до 4 лажички хималајска сол или по вкус
– 4 цм парче свеж ѓумбир, излупен и исечен на половина
– 1 грст млади лисја од спанаќ измиени
– 1/2 цеден лимон исцеден
– магдонос за гарнир
#Подготовка
– Во средно тенџере, загрејте го маслото на средно висок оган. Додајте: ловоров лист, кардамом, каранфилче, анасон, ким во прав, цимет и куркума. Запржете ги зачините во загреаното масло околу една минута додека не ги испуштат вкусовите и мирисите.
Мешајте, и додајте ги ориз и грашак и малку запржете ги.
Додајте вода, морков, целер, кромид, ѓумбир и хималајска сол.
Мешај и намалете ја врелина. Покријте и гответе мешајќи од време на време, околу 50 минути. На крај наросете со магдонос.
Рецепт за Кичари можете да најдете на следниот линк
Поинаков рецепт за Кичари можете да најдете на следниот линк.
Уживајте 🙂

Органска куркума во прав 200гр

 

Кичари – најизбалансираната ајурведска храна

Кичари – ајурведска храна за подобра меморија

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

Секој ден стапалата те носат низ животот. Кога последен пат им подари внимание? Во ајурведската традиција, марма точките се сметаат за важни места на поврзување на телото, здивот и животната енергија — прана. Нивната нега е ритуал на присутност, нежност и внимание кон...

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

Понекогаш најубавиот оброк е чинија топла, домашна чорба — полна со зеленчук, мирисни зачини и вкус што те повикува да забавиш. Во ајурведската традиција, топлата и зготвена храна има посебно место во студените денови, кога Вата се поврзува со студ, сувост и немир....

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

Оваа година, додека го украсувате домот, подарете им внимание и на своите желби за 2027. Успех во работата? Повеќе благосостојба? Љубов и блискост? Топол дом и семејна хармонија? Нови патувања и искуства? Нека секој украс биде мал потсетник на она што сакате да го...