Корисни практики како да го намалиме лачењето на кортизол – хормонот на стрес
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Корисни практики како да го намалиме лачењето на кортизол – хормонот на стрес

Корисни практики како да го намалиме лачењето на кортизол – хормонот на стрес

by | Apr 12, 2021 | 0 comments

ХОРМОН НА СТРЕС

Што се случува кога кортизолот е висок? Студиите сè повеќе откриваат дека нивоата на високиот кортизол може да предизвика проблеми како што се:

– хипертензија, дијабетес тип 2 и остеопороза.

– зголемување на телесната тежина: кортизолот го зголемува апетитот и му сигнализира на телото да го смени метаболизмот за да складира маснотии,

– запек, нервозно дебело црево.

– замор: овој хормон се меша со дневните циклуси на другите хормони, нарушувајќи го спиењето и предизвикувајќи замор.

– нарушена функција на мозокот: кортизол се меша и во меморијата, придонесувајќи за ментална расеаност или „мозочна магла“.

– овој хормон потикнува инфекции: го попречува здравиот имунолошки систем, правејќи ве повеќе склони кон инфекции.

– во ретки случаи, многу високо ниво на кортизол може да доведе до Кушингов синдром, ретка, но сериозна болест.

Како да превенирате и да си помогнете?

Вежбајте: Бидете физички активни веднаш по будењето и одржувајте редовно време за одмор.

– Намалете ја количината на кофеин, особено навечер: избегнувајте внес на кофеин, кафиња, црни и зелени чаеви навечер.

– Ограничете ја изложеноста на силна светлина ноќе: исклучете ги екраните од електрониката и опуштете се неколку минути пред да заспиете.

– Ограничете ги одвлекувањето на вниманието пред спиење и останете во тишина: ограничете ги прекините на спиењето со употреба на чепчиња за уши доколку е потребно и замолчете ги паметните телефони (исклучено би било подобро) и избегнувајте големи количини на течности пред спиење.

– Попладневната дремка: работата во смена ги намалува часовите на спиење, дремењето може да ја намали поспаноста и да спречи дефицит на сон.

– Редовно практикувајте медитација. Медитацијата со јога нидра е препорачлива пред спиење. Научете ја и практикувајте ја техниката Сударшан Крија, научно докажано дека го намалува нивото на кортизол.

– Редовно практикувајте абјанга, земајте Ашваганда или Шанкапушпи.

 

Абјанга

Shankapushpi

Ashwagandha

ШРИ ШРИ ЈОГА

0 Comments

Submit a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Recent Post

Ајурведска диета за февруари

Ајурведска диета за февруари

Февруари во вашето тело Штом температурите ќе паднат и ќе почнат малку да растат кон крајот на јануари, вашето тело ја менува својата стратегија од градење изолациски масти кон нивно ослободување. Телото ослободува маснотии од истата причина поради која миленичињата...

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

 Зачин вреден злато! Лековитите својства на овој зачин постепено се откриваат низ вековите, а одамна е потврдено дека има силно антивоспалително дејство. Овој зачин е познат низ целиот свет поради неговите многубројни лековити својства. Ако случајно видите на...

Здрав појадок за почеток на денот

Здрав појадок за почеток на денот

Во брзањето и вревата на нашиот секојдневен живот, здравата храна понекогаш ја оставаме на последно место.  Спакувана и студена храна за носење, мусли со додаден шеќер, бел леб и сл.  станаа составен дел од нашата рутина за појадок - вкусна за јадење и исклучително...