-Прв дел-
За време на менопаузата, дошите претрпуваат големи промени и нерамнотежата на истите во оваа фаза може да резултира со различни симптоми.
Симптоми на #вата: промени во расположението, вознемиреност, страв, неправилно чукање на срцето, несоница, подуеност, болка во зглобовите, сува кожа, намалена концентрација, губење на коскеното ткиво.
Симптоми на #пита: лутина, раздразливост, критикување, ноќно потење, акни, осип, валунзи, висок крвен притисок.
Симптоми на #Кафа:
зголемување на телесна тежина, слабост, задржување на течности, летаргија, бавно варење, депресија, тага, губење на мотивација.
Менопаузата е универзален феномен, но тоа е уникатно искуство за секоја жена. Таа треба избере индивидуална диета и начин на живот според нејзината моментална состојба.
Општи препораки:
Јадете храна која содржи фитоестрогени: интегрални житарки, мешунки, соја, аспарагус, сладок компир, моркови, брокула, грозје, круши, сливи, јагоди, ленено и сончогледово семе, оригано, морско оревче, куркума, кромид.
Храна богата со калциум: млеко и млечни производи, зелен лиснат зеленчук, зелка, брокула, бадеми, ореви, семки од сончоглед и сусам, морска храна, портокали
Земете дневна доза на витамин Д од сонцето за да помогнете во апсорпцијата на калциумот и спречување на остеопорозата.
Започнете го денот со варени јаболка, сливи и смокви. Користете зачини кои поттикнуваат варење и апсорпција како што се: ким, коријандер, анасон, цимет, нане, куркума, кардамон, свеж ѓумбир, морско оревче.
Пијте доволно вода, млака или на собна температура со: ким, коријандер и чај од анасон. Измешајте еднакви количини семе од ким, коријандер и анасон. Истурете лажичка мешавина од зачини во зовриена вода и оставете да отстои 5-10 минути и пијте додека е топло. Овој чај е добро позната формула во ајурведската медицина. Го промовира варењето на храната и го олеснува варење (надуеноста, гасовите, вкусот на метал), го чисти уринарниот тракт, помага во олеснување на вишокот на топлина и ги елиминира токсините.
Препорачани ајурведски 🌿 се:
#Сатавари, #Ашваганда и #Арџуна
0 Comments